Жена уапсена откако се обидела да ги прошверцува децата во Дизниленд

Џесенија Дијаз била изнесена од Дизниленд во Калифорнија со лисици на рацете, додека нејзините две мали деца го плачеле и молеле за помош од случајните минувачи.

Полицијата соопшти дека ова не бил прв пат жената да влезе во паркот со своите деца без да плати.

Дијаз, која на видеото кое што се споделува на социјалните мрежи, носи уши на Мини Маус, наводно викала со вулгарности кон полицајците во Анахајм кога таа одбила да се идентификува.

Полицијата соопшти дека таа имала влезница за забавниот парк и уредно влегла, но кога обезбедувањето се обидело да ја праша за возраста на нејзините деца, таа одбила да одговори и продолжила да оди, поради што обезбедувањето реагирало.

Дизниленд дозволува бесплатен влез за деца под 3-годишна возраст кога се придружени од возрасно лице кое плаќа. За децата над 3 години потребна е влезница.

Дијаз, жителка на предградието на Лос Анџелес, Торенс, се обидела да влезе во паркот без да плати билети, нешто што го правела и претходно, изјавија претставници на Дизниленд за Fox News Digital. Кога се соочила со обезбедувањето на паркот и полицијата, таа станала некооперативна, велат тие.

„Таа беше во најмала рака некооперативна“, рече Сатер.

„Она што Дизни ќе го направи, тие ќе работат со вас. Ќе се обидат да најдат решение“, додаде тој. „Тие сакаат нивните гости да останат во паркот и да уживаат во нивниот ден. Но, таа не сакаше ништо од тоа“.

„Да соработуваше, да се однесуваше подобро, никогаш немаше да биде уапсена“, додаде тој.

За време на апсењето, Дијаз викала: „Ме повредуваш“ додека присутните гледале и снимале што се случува.

Според властите таа своите деца ги шверцувала во паркот најмалку четири пати во изминатите два месеца.

„Ова беше прв пат таа да биде фатена“, рече тој.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни