Жена родила идентична тројка зачната по природен пат

Мелани Басуалдо во Буенос Аирес, Аргентина, родила идентични тројки зачнати по природен пат, што е исклучително ретка појава. Лекарите велат дека таков случај се случува во една од милион бремености. Инаку, тројките не се идентични бидејќи произлегуваат од две јајца, а потоа едно јајце подоцна развива близнаци. Но, во случајот на Мелани, оплодената јајце клетка се поделила на три по зачнувањето.

Бебињата се родени на 5 август 2023 година, а денес имаат седум месеци. Родени се десет недели пред терминот, што не е невообичаено за повеќекратна бременост. Бебињата поминаа неколку недели во болница, а потоа беа пуштени дома.

„Комплицирано е со три бебиња, но јас добро се справувам со се. И покрај комплицираната бременост, се помина добро и тие се здрави”, рекла Басуалдо.

Мајката не ги опишала нејзините компликации од бременоста, но жените кои носат повеќе фетуси имаат поголема веројатност да се соочат со проблеми како што се гестациски дијабетес и прееклампсија.

Извор: index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни