Жена од Англија во музеј во Италија вратила украдено дело насликано во 16. век

Сликата, дело на италијанскиот уметник Антонио Солари, завршила во нејзина сопственост откако нејзиниот покоен сопруг ја купил без да знае дека е украдена

Барбара де Доза од Норфолк, Англија, му предаде на Градскиот музеј во Белуно, Италија слика од Богородица со дете, украдена пред 50 години од италијански музеј.

Сликата, дело на италијанскиот уметник Антонио Солари, завршила во нејзина сопственост откако нејзиниот покоен сопруг ја купил без да знае дека е украдена, објавува „Гардијан“.

Иако долго време одбивала да ја врати, и покрај тоа што била на списоците на Интерпол и италијанската полиција, Де Доза се согласила да ја предаде сликата по години убедување од адвокатот Кристофер Маринело.

Градоначалникот на Белуно, Оскар Де Пелегрин, истакна дека враќањето на сликата претставува враќање на важен дел од историјата и идентитетот на градот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни