Надежите дека ќе се најдат уште преживеани под урнатините почнаа да се гаснат во Мандалеј, каде што повеќето жители поминаа уште една ноќ на отворено по страшниот земјотрес со магнитуда 7,7 степени по Рихтер, кој остави повеќе од 1.700 мртви во Мјанмар и Тајланд.
Сепак, дека не е сѐ така црно, говори неверојатниот случај каде жена беше спасена жива по 60 часа поминати под урнатините на хотел, по петчасовна акција на спасувачки тимови од Кина, Русија и Мјанмар.
Во змејотресот загинаа околу 1.700 луѓе загинаа, а најмалку 300 лица се пријавени за исчезнати по смртоносниот земјотрес, според владејачката хунта во земјата – воената влада на Мјанмар. Според официјални лица, околу 3.400 се повредени, а бројот на жртвите се очекува значително да се зголеми