Желка каснала актер за задникот додека снимале еротски филм на плажа во Грција

Неверојатен инцидент се случил во грчкиот град Анависос кога главен глумец во еротски филм, за време на снимањето бил каснат за задникот од желка.

Тимот кој го снимал еротскиот филм се соочил со неверојатен напад. Главниот актер бил каснат за задникот од желка. Како што раскажал тој за грчките медиуми, се се случило со „брзина на светлината“.

„Снимавме една од главните сцени веднаш покрај морето, кога слушнав необичен звук. Тоа траеше, па решив да проверам што е. Како инструктор по нуркање, претпоставував дека некое животно е во неволја“, рекол актерот.

„Се испостави дека желката позната по името карета-карета бара помош, се заплеткала во јажето. Пријдов и успеав да ја ослободам”, рекол актерот, кој ни во најлудите соништа не можел да замисли што би се случило потоа.

„Знаев дека е исплашена, ја држев додека пливаше, безброј пати сум покрај нив. А потоа, додека поминував пред неа, таа ме касна за задникот. Не беше силно, но бидејќи почнав да крварам мораше да прекинеме со снимањето“, објасни актерот.

„Слушнав и други инциденти посериозни од мојот. Добро е што има толку многу активен морски живот, но ако само пливаш и едно од животните те нападне, тоа е веќе проблем“, рекол актерот.

Извор: Б92

Најново

Последни колумни