– Донесовме одлука дека дојдовме до моментот кога можеме да создадеме и да работиме преку независна фондација која може да ја носи целата мрежа на меѓународно и европско ниво- вели Жељко Јовановиќ во интервју за ЕУ Ромапрес.
Таа фондација додава Јовановиќ, треба да биде место кое е отворено за сите, особено за Ромите, кои имаат знаење, вештини и искуство да придонесат за стратешките цели во однос на економското, политичкото и културното разјаснување на Ромската заедница.
– Нашата цел е да создадеме фондација и мрежа во која нашите најдобри кадри сакаат да работат со гордост, особено оние Роми кои денес не се во постоечките ромски организации или политички па, сакаме да спроведеме програми кои можат да покажат кои се конкретните решенија во областа на образованието, вработувањето, развојот на идентитетот и самоорганизирањето за да се спречи купување гласови и манипулации за учество на избори – вели Жељко Јовановиќ во интервју за ЕУ Ромапрес.
Кога тие решенија ќе бидат најдени додава Јовановиќ, и тоа на ниво на неколку заедници и ќе се сфати дека тие можат да бидат решенија кои можат да се применат и на други, тогаш се ќе изгради став за преговори со државата и ќе ја убедат да ги преземе решенијата и да ги спроведе за сите Роми како и за други граѓани кои се соочуваат соистите проблеми.
-Со ова ги поставуваме темелите државата да си ја врши работата и да биде одговорна кон своите граѓани Роми- вели Јовановиќ за ЕУ Ромапрес.
Притоа тој нагласува дека мора да е биде многу јасно дека ниту неговата идна фондација, ниту која било друга организација не може да ја замени државата и државните институции.
– Не можеме да го замениме ниту Центарот за социјална работа, ниту Здравствениот дом, ниту пензискиот фонд, ниту општината. Од друга страна, ние не сме хуманитарна организација која ќе го замени Црвениот крст,Каритас или други организации кои делат помош на најзагрозените. Решението мора да се бара во одговорноста на државните институции за нивните граѓани кои плаќаат даноци на тие институции, ги бранат за време на војна и даваат политичка моќ преку избори- објаснува Јовановиќ.