„Железна камера 300“ на МАНАКИ 45.

Во чест на родоначалничкото документаристичкото творештво на браќата Манаки, модерниот документарен филм, со своите диверзитетни теми и опсервациона моќ, станува постамент на Фестивалот

Манаки ги претставува последните три документарни филмски остварувања кои се во компетиција за наградата „Железна камера 300“ на МАНАКИ 45.

Во ОТРО СОЛ станува збор за група на вистински и измислени ликови заробени во филм. Групата е исто така чистилиште на пензионирани крадци сместено на брегот на пустината Атакама. Андрес Џордан и Метју Годе се кинематографери на филмот кој е продуциран од Чиле, Франција и Белгија, награден на фестивалот во Мар дел Плата.

📽️ https://www.youtube.com/watch?v=FwuZwFOCpok

Во ПОРТАТА во средината на пустината во Јута се наоѓа полигонот Дагвеј, таен воен објект за тестирање. На ова место се испреплетуваат животите на еден војник, воен свештеник, татко кој го бара својот исчезнат син и лице што преживеало експлозија на атомска бомба. Клер Пијман е кинематограферката на овој германски филм, кој беше прикажан на документарните фестивали во Лисабон и Лајпциг.

📽️ https://www.youtube.com/watch?v=GboY7F7aAHM

Во ПОВТОРУВАЊА ќе се сретнеме со домаќин на филмски клуб за Б-филмови прикажува изгубен анимиран хорор; млада жена пополнува прашалници и гледа секвенци во тест во кој се следат реакциите на окото на дразби; канцелариски работник го раскажува својот живот, затскривајќи ја својата аутистична природа; во една сликовница се раскажува приказната за енигматски дух на човек-куче кој ги чува луѓето со попреченост. Грегори Оке е кинематограферот на овој експериментален хибриден британски филм, кој имаше премиера на престижниот фестивал во Копенхаген и беше награден на фестивалот за документарен филм во Ванкувер.

📽️ https://www.youtube.com/watch?v=1NtmX8_8uJ4


е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни