„Железна камера 300“ на МАНАКИ 45

Манаки ги претставува првите три документарни филмски остварувања кои се натпреваруваат за наградата „Железна камера 300“ на МАНАКИ 45.

Во чест на родоначалничкото документаристичкото творештво на браќата Манаки, модерниот документарен филм, со своите диверзитетни теми и опсервациона моќ, станува постамент на Фестивалот.

Манаки ги претставува првите три документарни филмски остварувања кои се натпреваруваат за наградата „Железна камера 300“ на МАНАКИ 45.

Во САМОВИЛСКА ГРАДИНА на периферијата на Будимпешта, во срцето на шумата, се крие мала полураспадната колиба. Внатре, Фани, 19-годишна транссексуална тинејџерка, и Лачи, 60-годишен бездомник, се поддржуваат меѓусебно како татко и ќерка низ тешкотиите и промените во животот. Герго Сомогивари е кинематограферот на унгарско-романско-хрватскиот филм, кој беше прикажан на фестивалот ЗагребДокс и награден на Сараевскиот филмски фестивал.

📽️ https://www.youtube.com/watch?v=IIONdmcgQ50

Во ГАМА во Окинава, местото каде што кон крајот на Втората светска војна се случиле интензивни копнени битки, постојат многу природни пештери наречени “ГАМА”. Мицуо Мацунага собира остатоци од битката за Окинава и опишува како цивилите кои учествувале во војната се засолниле во ГАМА. Јошико Такано е кинематограферот на јапонскиот филм, кој беше награден на специјализираниот фестивал во среднометражен филм Бриве.

📽️ https://www.youtube.com/watch?v=HQalcaK8zF8

Во НАЈГОЛЕМАТА ЛАГА младата мароканска режисерка Асме Ел Мудир сака да знае зошто има само една фотографија од детството и зошто девојката на сликата дури и не е таа. Полека, таа открива измами и намерно заборавени нешта кои влијаеле на нејзиниот живот. Хатем Нечи е кинематографер на филмот продуциран во Мароко и Египет, кој е награден за кинематограферската работа на фестивалот за документарни филмови во Њујорк, а филмот беше награден на фестивалите во Кан, Сиднеј и Атина, прикажан на фестивалите во Торонто и Палм Спрингс.

📽️ https://www.youtube.com/watch?

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни