Железара и Јурумлери ќе добијат нови станици замерење на квалитетот на воздухот

Мерењета ќе се спроведат во континиутет од 10 дена во сите временски сезони во текот на една година согласно утврдените стандарди за земање на примероци МКС EN 14907:2006, а потоа ќе се изврши хемиска анализа на филтрите за да се утврдат изворите на загадување и да се направи компарација на изворите во урбаната и руралната средина

Вчера на две локации во Гази Баба се започна со мерење на квалитетот на амбиентниот воздух односно мерење на концентрацијата на цврсти честички со големина од 2,5 микрометри . Една е урбана средина (населено место Железара), додека другата е рурална средина (населено место Јурумлери), а целта е добивање на компаративна анализа на квалитетот на воздухот во урбана и рурална средина.

– Мерењета ќе се спроведат во континиутет од 10 дена во сите временски сезони во текот на една година. Мерењета се прават согласно утврдените стандарди за земање на примероци МКС EN 14907:2006 а потоа ќе се изврши хемиска анализа на филтрите за да се утврдат изворите на загадување и да се направи ккомпарација на изворите во урбаната и руралната средина.По завршување на годишниот мониторинг ќе се направи Конечен извештај од кој ќе произлезат предлог мерки за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух, соопшти градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски.

Оваа активност се реализира согласно потпишаниот Меморандум за соработка на општина Гази Баба со Универзитет Гоце Делчев – Штип, Факултет за природни и технички.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни