Добитници на престижните признанија се:
- Жарко Кујунџиски – награда „Стале Попов“ за збирката раскази „Приказничар“ (издание на „Антолог“). Жири-комисијата во состав Лилјана Пандева, Петар Андоновски и Блаже Миневски ја истакна автентичноста и книжевната вредност на ова дело.
- Иван Џепароски – награда „Ацо Шопов“ за збирката песни „Посвети и пофалби“ (издание на „Дијалог“), со одлука на жири-комисијата составена од Катица Ќулавкова, Гордана Михаилова-Бошнакоска и Влада Урошевиќ.
- Иван Антоновски – награда „Ванчо Николески“ за книгата за деца „Бакнежи на небото“ (издание на „Едиција Светулка“). Оваа одлука ја донесе жири-комисијата во состав Билјана С. Црвенковска, Мито Спасевски и Александра Велинова.
- Наташа Аврамовска – награда „Димитар Митрев“ за збирката есеи „Книжевни паметници“ (издание на Институтот за македонска литература), одобрена од Лидија Капушевска-Дракулевска, Дејан Трајкоски и Санде Стојчевски.
- Гордана Јовиќ-Стојковска – награда „Мост“ за романот „Била једном једна кућа“ (издание на „Слово љубве“), со одлука на жири-комисијата во состав Сеида Бегановиќ, Тихомир Јанчовски и Лејла Шериф-Емин.
![](https://trn.mk/wp-content/uploads/2025/02/pokana-za-dodeluvaњe-nagradi-na-dpm-za-2024-g-1024x682.jpg)
Друштвото на писателите на Македонија продолжува со својата мисија за поддршка и промоција на македонската книжевност, а оваа свеченост ќе биде можност за оддавање признание на авторите кои оставија значаен белег во македонската литература во изминатата година.