Жандармеријата вечерва интервенираше кај Филозофскиот факултет во Нови Сад. Според известувањата на новинарките на Н1, силна полициска акција започнала ненадејно, насочена кон мирно собраните граѓани.
Како што јави новинарката на Н1, во еден момент се слушнал силен прободувачки звук, по што жандармеријата започнала со интервенција, користејќи пендреци.
Жандармеријата се движи кон зградата на факултетот и ги потиснува граѓаните.Се слушаат експлозии од шок-бомби, фрлен е солзавец.
Полицијата ги турка луѓето кон Природно-математичкиот факултет и понатаму кон кејот. Како што јави една од новинарките на Н1, полицијата се упатила во насока кон кејот.
Инаку, Министерството за внатрешни работи соопшти дека добило информации оти учесниците на непријавениот собир во Нови Сад имаат намера да ја нападнат полицијата која се наоѓа пред Филозофскиот факултет и Факултетот за спорт и физичко образование во овој град.