Жан-Пјер Дитиљо: Белгискиот научник што ги поврза изолираните племиња со светот

Средбата на изолираните племиња со „модерните“ луѓе не мора да биде лошо или опасно искуство – доказ за тоа е истражувањето на белгискиот научник Жан-Пјер Дитиљо. Овој истражувач и антрополог остави неизбришлив белег со своите видеоснимки направени во 70-тите.

Неговите снимки не само што се вредни за научниците, како што пишува „Н1“, туку се и потсетник дека сите луѓе можат да бидат еднакви – а, разликите меѓу нас, понекогаш, се само нијанси. Дитиљо ги следел сите правила на науката, па и покрај првичната неизвесност, успеал да воспостави контакт со едно затворено племе во Папуа Нова Гвинеја. Тој, имено, се потрудил и издејствувал – домородците сами да му пријдат.


Научникот, се вели, знае колку првите впечатоци се важни, па однапред подготвувал подароци… Тие, пак, очекувано – на почетокот предизвикувале страв, а потоа, воодушевување кај племето.

Видеата што покажуваат како луѓето реагираат кога првпат ќе видат огледало, кибрит, ориз или обичен метален предмет, се безвременски. По првичниот сомнеж, членовите на племето сосем се опуштиле и најдобронамерно општеле и говореле со Белгиецот, објаснувајќи му го и својот јазик, обичаите итн. Овие уникатни снимки се вистинско богатство за научниците и љубителите на антропологијата – секоја секунда е вреден запис којшто не смее да исчезне, пишува „Пункуфер“.

Научникот „бел дух“, како што домородците го нарекувале, ја добил нивната доверба, па им претставил и лекови против маларија – болест што била голем проблем во нивната заедница. Потоа европските добронамерници им обезбедиле и подучување за правилна употреба на лекот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни