Зголемени патроли низ целата земја: Две лица се уапсени за терористичкиот напад врз синагогата

Зголемени патроли низ целата земја. Две лица се уапсени за терористичкиот напад врз синагогата

Британската полиција го класифицираше нападот врз синагогата во Манчестер како терористички и уапси две лица.

Началникот на националната антитерористичка служба на полицијата, Лоренс Тејлор, изјави дека идентитетот на напаѓачот ѝ е познат на полицијата, но нема да биде објавен во исчекување на понатамошна истрага.

Тој изјави дека ги зголемиле патролите низ целата земја.

Британската полиција потврди дека три лица загинале во овој напад, вклучувајќи го и напаѓачот, кој беше убиен во судир со припадници на безбедносните сили.

Нападот се случил кога еден маж со автомобил влегол во толпа, а потоа нападнал луѓе со нож пред синагога во Манчестер.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни