Според новото истражување од Англија и Велс, сè поголем дел од жените кои бараат абортус, кога забремениле користеле апликации за следење на менструацијата или други методи за подигање на свеста за плодноста. Истражувачите од Велика Британија анализирале кои методи за контрола на раѓање ги користеле повеќе од 88.500 пациенти со абортус во Англија и Велс во 2018 и 2023 година.
Тие откриле промена со текот на времето, при што употребата на хормонски контрацептиви опаднала од околу 19 проценти на 11 проценти, а се зголемила употребата на методи за подигање на свеста за плодноста од 0,4 проценти на 2,5 проценти. Или вкупно – 129 жени кои побарале абортуси користеле апликации за следење на плодноста во 2018 година, во споредба со 1.364 во 2023 година.
Помладите жени ја поттикнаа промената кон методите за подигање на свеста за плодноста кај пациентките кои барале абортус, при што нивната просечна возраст паднала од околу 30 на 27 години, покажа студијата.
Во меѓувреме, уделот на оние кои не користеле контрацепција кога забремениле се зголемил од 56 отсто на речиси 70 отсто во текот на тие пет години.
Свесноста за плодноста и воопшто немањето контрацепција се „двата методи кои имаат поголема веројатност да не успеат, и затоа е поголема веројатноста да барате услуги од клиника за абортус ако не сакате да ја задржите таа бременост“, д-р Рози Мекни, регистратор за јавно здравје во Националната здравствена служба (NHS) огранок на Долината Форт во Шкотска и водечки автор на студијата, изјави за Euronews Health.
Методите за подигнување на свеста за плодноста им помагаат на жените да ги препознаат телесните знаци кои укажуваат на поголема веројатност да забременат, или преку апликации што ја следат менструацијата и овулацијата или традиционалните стратегии како методот на ритам или календар.
Жените може да се одлучат за овие методи наместо други контрацептиви – како што се апчиња за контрацепција, интраутерини помагала (спирала) или импланти – поради неколку причини, вклучувајќи религиозни приговори и загриженост за несаканите ефекти на хормоналните контрацептиви.
Сепак, методите за подигање на свеста за плодноста можеби не се толку сигурни како што веруваат корисниците, што може да доведе до пораст на несакана бременост, според студијата, објавена во списанието BMJ Sexual & Reproductive Health.