Музичкиот инструмент хармоника е измилсен во Виена, но стана составен дел од француското наследство што многумина веруваат дека е измислен во Франција.
Од песните на Едит Пјаф до култниот саундтрак на Амели од Јан Тирсен преку поранешниот претседател Валери Жискар д’Естен, кој свиреше на „пијаното на сирамосите“, хармониката стана нешто како национален амблем на Франција.
Поради тоа веста дека Maugein, еден од најстарите француски производители на хармоники затвора, е тажна вест во Франција.
Основана во 1919 година во Тул од Жан Могеин, фирмата беше ликвидирана од страна на Трговскиот суд Брив на 27 септември. Позната низ целиот свет, ги снабдувала познатите француски бендови и музичари како Индокина, Рено и Бурвил.
До крајот на 1930-тите, имале 150 вработени, а пред затворањето само 10.
Пред 11 години, компанијата ја презеде Ричард Брандао, кој најави затворање и изјави дека компанијата била жртва на кинеската конкуренција и нарушувањето на пазарите предизвикано од пандемијата Ковид. И покрај обидите да се диверзифицира, сепак немале доволно нарачки
„Нашата единствена надеж беше да се пробиеме на кинескиот пазар, каде што растот и интересот за хармоника е најсилен, но не успеавме“, изјави Брандао за весникот La Montagne. „Ова е и покрај нашето учество на Меѓународниот саем за музички инструменти во Кина, најголемиот настан во светот во овој сектор“.
Веста доаѓа само шест месеци по инаугурацијата на музејот на хармоника од 9 милиони евра, Cité de l’accordéon et des patrimoines, во Тул од страна на поранешниот претседател Франсоа Оланд.
Оланд изјави дека ликвидацијата не мора да значи крај на компанијата.
„Тоа значи дека во одреден момент, брендот Maugein, бизнисот Maugein и хармониките ќе можат да продолжат да се произведуваат благодарение на новите инвеститори. Тие се обврзани да ја намалат производната страна, но се обидуваат да ја прошират дистрибуцијата“, изјави Оланд за Тотем радио. „Ние ќе продолжиме да го охрабруваме ова преземање за да можеме да го имаме задоволството што ќе ја слушнеме хармониката на Maugein во многу концертни сали“.
Меѓутоа, ако не се најдат нови инвеститори, постои голема шанса ова француско музичко наследство да биде изгубено.
Извор: Euro News