Згасна Канал ВИС Струмица по 33 години остана без телевизија

Струмица по цели 33 година остана бес ТВ медиум. Канал ВИС, веќе неколку дена не зрачи сигнал. Регионалната телевизијата информираше информираше за локални и регионални случувања, а емитуваше и програма со неколку авторски емисии. Вработените во ТВ каналот, останаа без работа и сега се под Агенцијата за вработување.

ТВ Канал ВИС беше еден од најстарите телевизиски медиуми во земјава. Прво функционираше како локална, а од пред десетина години како регионална телевизија. Во неа, во континуитет работеа над десетина новинари, сниматели и технички персонал. Од летово таа бројка беше сведена на минимум.

Лани во јуни, телевизијата беше купена од струмичката фирма „Синерџи Груп Инженеринг“. За време на изборната кампања за последните парламентарни и претседателски избори 2024, оваа телевизија од ДИК доби 125 илјади евра за платено политичко рекламирање.

Во август, од страна на АВМУ на ТВ Канал ВИС Струмица ѝ беше одземена концесијата заради неплатен годишен надоместок и неисполнување на кадровскиот минимум, по што менаџментот ги подмири обврските кон Агенцијата и си ја врати концесијата. Телевизиски сигнал со скромна програма се емитуваше заклучно со ноември, кога вработените добија решенија за престанок на работниот однос со три неисплатени плати, објави СДК.

Освен Канал ВИС во Струмица своевремено функционираа и телевизија Интел, Телеканал А1, ТВ Струмица и Јул ТВ. Во моментов, во ова општина од традиционалните медиуми работат три радија кои што не продуцираат сопствени вести.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни