Жесток американско-израелски напад врз Исфахан, се шират драматични снимки

Исфахан, еден од најголемите ирански градови и важен воен и индустриски центар, повторно се најде на удар, а снимките од експлозиите и пожарите брзо се проширија на социјалните мрежи.

Американски и израелски сили рано утрово извршиле жесток напад врз Исфахан, еден од најголемите градови во Иран, при што според сведоштва и објавени снимки биле погодени повеќе подрачја, а силни експлозии и пожари го осветлиле небото над градот.

Исфахан, кој има околу 2,3 милиони жители, важи за еден од стратешки најзначајните ирански градови, меѓу другото и поради тоа што во неговата околина се наоѓа воената воздушна база Бадр.

Според извештаите, по нападот над градот се издигале густи облаци чад од неколку погодени подрачја, додека видеоснимки и сведоштва објавени на интернет прикажуваат интензивни детонации и големи пожари.

Нападите се дел од пошироката воена кампања што САД и Израел ја водат против Иран, а Исфахан е меѓу клучните точки поради неговата воена и индустриска инфраструктура.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни