ЗЕН е првиот моден бренд што креира облека за лица со попреченост. Улогата на колекцијата е да ги прошири хоризонтите на модниот свет и да креира општество со еднакви можности за сите.
ЗЕН ги поместува границите на модата, но и границите на сите предизвици со кои се соочуваат лицата со посебни потреби. Ова е една приказна што не инспирира и не потсетува дека промените зависат од нас и сите ние можеме да бидеме иницијатори на промената што сакаме да ја видиме. Во општество во кое дури 20% од населението се лица со попреченост, едно лице со просечен животен век од 75 години, би потрошило дури една година од својот живот само на облекување и дотерување.
ЗЕН брендот ќе го намали времето потребно за облекување до 50% на лицата со попреченост, а дотерувањето и подготвувањето ќе им го трансформира во искуство кое ќе претставува уживање и животна радост.
За ЗЕН разговаравме со Гере Трпков, човекот кој е идеен творец на колецијата, дизајнер и активист за правата на лицата со попреченост.
– ЗЕН приказната започна од многу одамна. Започна од моментите кога јас работев како модел и реално уште не бев лице со попреченост. Имав желба да основам некој бренд кој што ќе биде ете препознатлив за македонското поднебје и за регионот. Македонија е позната по текстилната индустрија, но за жал немаме брендови кои што се имаат промовирано глобално. Тоа ни е и целта со ЗЕН да го оствариме во овој момет, бидејќи јас во текот на годините и поради предизвиците животни, ете останав во индвалидска количка и на некој начин сакав да ги спојам двете искуства во едно. Она што ми е целта сега е да основаме бренд кој што ќе произведува адаптивна облека, односно облека прилагодена на специфичните потреби на лицата со попреченост. Тоа е е нешто што постои во светот и не е нешто што е ново, меѓутоа ние сакаме да го направиме уште подобро, со вметнување на некои продуктивни решенија кои што уште подобро ќе го решат прашањето на облекување и соблекување. Дотерувањето за лицата со попреченост некогаш може и да биде фрустрација не само за лицата кои што се корисници на таа облека, туку и на нивните асистенти, родители и старатели – вели Гере.
Креирањето и изработката на облека за лица со попречесност е скапа индустрија. Споредбено, обичното производство со адаптивното производство, трошоците се некаде за 70 посто повисоки од обичното производство. Со оглед на тоа што за облеката на лицата со попреченост не се користат копчиња и патенти, има понекогаш многу поскапи додатоци кои треба да се вметнат. Материјалите кои што се употребуваат исто така треба да се провевни, треба да дишат, треба да се еколошки бидејќи лицата со попреченост, кои што користат на пример количка цело време седат и циркулацијата на воздухот не е соодветна.
-Голем е предизвикот да се одговори на конкретните физички потреби на лицата со попреченост. Тоа значи дека можеби некаде ќе имаме пократка рака, пократка нога, во друг случај би било и моторичката функција засегната нели, се тоа се склопува во еден концепт кој што вие треба добро да го осмислите, да одговорите на што поголем број на категории на лица со попреченост и од тој аспект мислам дека тоа ќе биде еден од поголемите предизвици, меѓутоа како што гледаме до сега или во досегашното искуство имаме начини како тоа да го направиме соодветно – вели Гере.
Освен него креативниот тим на ЗЕН го сочинуваат и Ена Зафировска- Трајкова и Сара Величковска, две модни надежни креаторки кои што завршиле образование надвор од Македонија.
-Сега во овој момент сме во состојба да креираме една прототипна колекција која што потоа ќе биде на некој начин појдовна точка за нас, за понатаму да ја развиваме и да ги развиваме тие колекции во друга насока. Имаме одличен одзив во врска со пријавувањето за модната колекција, ни се пријавија повеќе од 50 лица, од територијата на целата држава. Се ограничивме на 30 лица бидејќи сакавме да им направиме комплети на облека, која што ќе биде наполно адаптивна и ќе биде специфично скроена по нивна мерка. Од она што го направивме и го изведовме, мислам дека резултатите се фантастични, нешто ќе прикажеме и во рамките на оваа соработка. Меѓутоа она што е е добро да се напомене е дека за прв пат во Македонија ќе имаме целосно инклузивна модна ревија каде што ќе учествуваат толку голем број на лица со попреченост. Не само во Македонија, туку и во регионот, ова е прва иницијатива која толку сериозно се зафаќа со ова прашање. И генерално мислам дека ќе имаме одлична забава- објаснува Гере.
Настанот ќе се случува на 25- ти септември во Музејот на современа уметност со почеток од 19 часот. Планирана е оригинална програма со промоција и на документарниот филм за целиот процес на создавање на колекцијата и на соработката со овие лица. Потоа изложба на плакати и вечерен музички дел и коктел.
-Сето ова е генерирано од потребата да создадеме еден прифатлив, примамлив проект кој што ќе биде опиплив за луѓето, бидејќи модата и облеката е нешто што е лично за нас. Се облекуваме да изгледаме убаво, меѓутоа се облекуваме и за да си додадеме поголема самодоверба на себеси, тоа е и психолошки докажано, значи научно докажано, дека облеката дефинитивно влијае на нашето чувство за себе и генерално за нашето расположение. При тоа создаваме нешто преку кое ќе ги поврземе овие лица поблиску со општеството и со дадените институции бидејќи преку ова ќе докажеме дека овие лица можат да бидат рамноправни, ете можеби општествено корисни генерално. Нашата задача и мисија како „Здружение Еquality“ и како „ЗЕН Футурус“ е иницијативата за модниот бренд, е да докажеме уште еднаш дека овие лица се еднаков дел на нашето општествено живеење. Еве сега се ежам додека си помислувам на таа енергија што ја гаиме изминативе 6 месеци. Овие лица навистина имаат многу причини за радост, меѓутоа ова е нешто посебно за нив. Превозбудени се, јас мислам дека целата таа кулминација ќе се случи баш на настанот, на модната ревија. Очекувам дека ќе имаме фантастично дружење. Тие се делумно веќе спремни за тоа што ќе следи, меѓутоа мислам дека дополнително ќе работиме овие неколку денови пред ревијата за уште повеќе да ги спремиме, да ги подготвиме за тоа што ги очекува. И мислам дека целото општество ќе биде супер инспирирано од тоа што ќе го направиме – ни раскажува Гере.
На симањето на разговорот ја затекнавме и Ема, млада пијаниска со оштетен вид која ќе биде дел од ревијата. Ема има 29 години и е лице со целосно оштетен вид. Инаку е дипломирана пијанистка и компонира авторска музика преку која вели дека најавтентично може да се изрази и да ја пренесе пораката за инклузивно општество.
-Сметам дека е многу важна адаптивната мода, затоа што како што кажавте, мене ми е проблем облекувањето, не толку самото облекување колку изборот на облека, затоа што нели не гледам и секогаш треба некој да ми каже, да ми прилагоди, што со што оди и слично. А ова е нешто што на мене на некој начин ќе ми помогне да бидам посамостална во тој избор на облека, затоа што ќе можам сама да си ги правам комбинациите за облекување за различни настани и слично, за што и да треба. Мотивот да се приклучам на ревијата беше тоа што од дете ме влече сцената со самото тоа што сум пијанистка и сакам да пробувам нови работи што се поврзани со сцена, со камера, со што и да е и некако ми беше интересно да си испробам баш да видам како би се снашла во таа улога да бидам модел. Затоа што како дете, деца како деца, секогаш сум играла дека сум манекенка, така што тоа ми беше некако интересно да видам како ќе ми биде, мислам дека ќе биде многу интересно искуство. Јас сум многу задоволна од сето ова затоа што мене ми е многу битно покрај тоа нели на другите што им е важно како тоа стои, мене ми е многу бино да го чувствувам пријатно материјалот и мислам дека ќе биде нешто што во иднина многу често ќе го носам, затоа што баш го чувствувам лесно дека ми одговара на телото. Од друга страна, многу е важно да се работи со еден ваков тим, мислам дека навистина треба секој човек да биде отворен, да сака да дознава, да открива нови работи, затоа што промените зависат од секој еден од нас и секој еден од нас може да биде иницијатор за промената што сака да ја види – вели Ема.
За лицата со попреченсот ЗЕН креира облека, за сите нас останати креира еден нов сет, инклузивн и многу поубав од оној во кој секојдневно сме затворени. Свет во кој малите иницијативи прават големи промени и ги менуваат животите на лицата со попреченост. Сите ние можеме ако сакаме да бидеме тие кои ќе ги прават промените. За нас и за нив.