Земјотрес во Грција, почувствуван и во Битолско

Според податоците со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Битола и блиската околина со интензитет од III степени

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 13 часот и 07 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, 165 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.9.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Битола и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Инаку, синоќа силен земјотрес ја погоди и западна Турција каде загина едно лица а околу 30 се повредени.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни