Земјотрес со јачина од 7.1 степени ја погоди Камчатка

Пацифичкиот систем за предупредување на цунами објави дека постои можност за појава на цунами како резултат на потресот.

Земјотрес со јачина од 7.1 степени по Рихтер ја погоди источната обала на руската област Камчатка, соопшти Германскиот центар за геонауки (GFZ).

Според нив, епицентарот бил на длабочина од 10 километри.

Американскиот геолошки завод (USGS) процени дека јачината на земјотресот била 7.4 степени, а длабочината 39.5 километри.

Пацифичкиот систем за предупредување на цунами објави дека постои можност за појава на цунами како резултат на потресот.

Во Јапонија, која се наоѓа југозападно од полуостровот Камчатка, не е издадено предупредување за цунами, јави телевизиската куќа NHK, повикувајќи се на Јапонската метеоролошка агенција.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни