Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), потресот е регистриран на длабочина од 9 километри, а епицентарот бил на 46 километри источно од Малатја.
Првично, земјотресот беше проценет на јачина од 6 степени, но подоцна беше коригиран на 5,9 степени. Засега нема информации за причинета материјална штета или евентуални жртви.