Земјотрес со јачина од 5,3 степени попладнево бил регистриран во Грција, а на социјалните мрежи граѓаните споделуваа дека бил почувствуван и во Македонија.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри, 62 километри североисточно од Солун.
Најблиско населено место до епицентарот е Нова Мудања на Халкидики, град со под 10 илјади жители.
Според ЕМСЦ, пријави дека земјотресот бил почвстуван има и од Македонија и Бугарија.