Земјотрес со јачина од 5,1 степени Рихтер ја погоди Италија

Силен земјотрес со јачина 5,1 Рихтер се почувствува во Реџо Калабрија, Мезина и други делови на Сицилија и Калабрија.

Силен земјотрес со јачина од 5,1 степени Рихтер се почувствува во 5:53 часот во Реџо Калабрија. Бројни извештаи пристигнуваат и од Мезина и други подрачја на Сицилија и Калабрија, пренесува агенцијата Анса.

Според веб-страницата на Италијанскиот национален институт за геофизика и вулканологија, епицентарот бил во морето кај Јонската обала на длабочина од 65 километри.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни