Земјотрес со јачина од 4,1 степен го погоди Чиле

Земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтеровата скала го погоди Чиле. Епицентарот бил во близина на Калама, на длабочина од 116 километри. Засега нема информации за жртви или штети.

Чиле денеска беше погоден од земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Како што пренесува Танјуг, епицентарот на земјотресот се наоѓал на длабочина од 116 километри и на околу 89 километри од градот Калама.

Засега нема информации за повредени лица или за причинета материјална штета.

Чиле се наоѓа во т.н. „Огнен прстен на Пацификот“, еден од сеизмички најактивните региони во светот, каде што земјотресите се честа појава поради судирот на тектонските плочи. Надлежните служби ја следат состојбата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни