Земјотрес со јачина 4,8 степени ja погоди Македонија

Земјотресот е со проценета јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала, со епицентар 6 километри од општина Тераце.

Вечерва во 22:05 часот е регистриран земјотрес со проценета јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала, со епицентар 6 километри од општина Теарце.

Според податоците, потресот се почувствувал и во соседните земји – Косово, Србија и Албанија, предизвикувајќи краткотрајно загрижување кај локалното население. Засега нема информации за повредени или значителни материјални штети.

И телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути го регистрираше земјотресот чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово, на околу 45 км северозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML4.6.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Тетово, Гостивар и околината со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала, во Скопје и околината со интензитет од IV-V степени, во останатите делови од Републиката со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Се советува граѓаните да останат мирни и да ги следат официјалните упатства од цивилната заштита и локалните власти.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни