Земјотрес почувствуван во Пехчево и Берово

Земјотрес со јачина од 3.1 степени според Рихтеровата скала е регистриран ноќеска во источниот дел на земјата, а бил почувствуван во Пехчево, Берово и околните населени места.

Според информациите од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот бил регистриран во 00:22 часот.

Епицентарот потекнува од епицентралното подрачје Делчево – Берово, на околу 120 километри југоисточно од Скопје.

Јачината на потресот изнесува 3.1 степени според Рихтеровата скала.

Според досегашните податоци, земјотресот бил почувствуван од жителите на Пехчево, Берово и околината со интензитет од III до IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Засега нема информации за причинета материјална штета.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни