Земјотрес од 6,7 степени го погоди североистокот на Јапонија, забележани мали цунами-бранови

Силен земјотрес со магнитуда 6,7 го погоди североисточниот дел на Јапонија, по што беа забележани мали цунами-бранови. Властите предупредуваат на претпазливост и можни нови потреси

Земјотрес со магнитуда 6,7 степени го погоди североисточниот дел на Јапонија, по што Јапонската метеоролошка агенција издаде предупредување за можен цунами.

Труењето се случило во 11:44 часот по локално време, на длабочина од 20 километри, во крајбрежниот регион на префектурата Аомори, само неколку дена по силниот земјотрес со магнитуда 7,5 кој го погоди истото подрачје.

Јапонската метеоролошка агенција предупреди на можни цунами-бранови до 1 метар. Јавната телевизија NHK јави дека земјотресот бил послаб од оној во понеделник, а властите потврдија дека нема забележани нарушувања во работата на нуклеарните електрани во регионот.

Мали цунами-бранови погодиле дел од брегот

По активирањето на предупредувањето за цунами, бранови со висина до 20 сантиметри го погодиле крајбрежјето на префектурите Аомори и Хокаидо, соопшти Јапонската метеоролошка агенција (JMA). Службите ги повикаа жителите да останат внимателни, да се упатат кон повисоки места и да се подготват за можни нови подземни потреси.

Премиерката Такаичи: „Нема поврзаност со предупредувањето за мегаземјотрес“

Јапонската премиерка Санае Тakaичи изјави дека денешниот земјотрес не е поврзан со неодамнешното предупредување за можен мегаземјотрес, кое властите го издадоа претходно оваа недела. По силниот земјотрес од 7,5 степени во понеделник, службите предупредија дека постои можност за уште посилен последователен потрес.

И покрај тоа, Тakaичи апелира до граѓаните да останат претпазливи, да ги проверат своите евакуациски рути и резервите за итни ситуации.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни