Земјотрес од 6,6 степени ја погоди Индонезија, нема издадено предупредување за цунами

Земјотрес со магнитуда од 6,6 степени утрово го погоди северозападниот дел на Индонезија, соопшти Американскиот геолошки институт.

Земјотресот бил регистриран во 11:56 часот по локално време, на длабочина од околу 25 километри, во близина на мал остров северозападно од Суматра.

Според првичните информации, нема пријавено материјална штета или повредени лица. Властите соопштија дека не е издадено предупредување за цунами.

Индонезија се наоѓа во Пацифичкиот огнен прстен – едно од геолошки најактивните подрачја во светот, каде што се забележуваат чести земјотреси и активност на бројни вулкани.

Извор:N1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни