Според податоците на камчатскиот огранок на Геофизичката служба при Руската академија на науки, се работи за силен земјотрес поврзан со разорниот земјотрес од 30 јули. Токму тој настан, со магнитуда од 8,8 степени, беше еден од најсилните регистрирани во регионот од 1900 година, а научниците оттогаш секојдневно бележат афтершокови.
Најновиот потрес бил регистриран на 8 декември, со епицентар на отворено море во Тихиот океан, на длабочина од околу 15 километри и на 211 километри југоисточно од Петропавловск.
Иако не беше издадено предупредување за можно цунами, локалните власти соопштија за помала материјална штета. Во Сахалинската област е оштетена зградата на Централната окружна болница во Северо-Курилск, каде што дошло до пукање на грејна цевка.
Службите за итни интервенции остануваат во состојба на зголемена готовност поради сеизмичката активност во регионот.
Извор: N1info.rs
