Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во морскиот дел јужно од грчкиот остров Крит, соопшти Геодинамичкиот институт при Националната опсерваторија на Грција.
Како што јавува дописничката на МИА од Атина, епицентарот на земјотресот се наоѓал на околу 20 километри јужно од островот Гавдос, најјужната точка на Грција, кој се наоѓа јужно од Крит.
Засега нема информации за повредени лица, ниту за причинета материјална штета, а надлежните служби ја следат состојбата.
Извор: МИА
