Земјотрес од 4,5 степени ја погоди Турција

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Турција, со епицентар во близина на Баликесир. Засега нема информации за жртви или материјална штета.

Турција денеска беше погодена од земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Според достапните информации, епицентарот на земјотресот се наоѓал на длабочина од 12 километри, на околу 68 километри од градот Баликесир.

Засега нема пријави за повредени лица ниту за материјална штета.

Надлежните служби ја следат состојбата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни