Како што соопшти Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, земјотресот е регистриран од сеизмолошките станици инсталирани низ целата територија на државата, кои се одржуваат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Според првичните податоци, земјотресот имал локална Рихтерова магнитуда од ML 3,3.
Земјотресот бил почувствуван во Скопје и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Од Сеизмолошката опсерваторија апелираат граѓаните кои го почувствувале земјотресот да го пополнат прашалникот за почувствуваност, достапен на интернет-страницата на опсерваторијата, или да се јават на бројот 112, со цел прибирање податоци за понатамошни сеизмолошки истражувања.
