Разоран земјотрес ја погоди Русија: Епицентарот во Тихиот Океан кај Камчатка

Земјотрес со јачина од 5,2 степени по Рихтер ја потресе источната руска обала, без опасност од цунами.

Утрово силен земјотрес со магнитуда од 5,2 степени по Рихтер ја погоди обалата на полуостровот Камчатка, соопшти регионалниот огранок на Единствената геофизичка служба при Руската академија на науките.

Епицентарот бил регистриран во водите на Тихиот Океан, 102 километри југоисточно од Петропавловск-Камчатски, на длабочина од 40 километри. Сеизмолозите информираат дека, иако потресот бил забележан во поширокиот регион, засега нема пријавени материјални штети или повредени.

Интерфакс пренесува дека не е издадено предупредување за цунами, што го намалува ризикот од дополнителни последици по населението и крајбрежните заедници.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни