Земјотрес ја стресе Грција попладнево, откако потрес со магнитуда од околу 4,4 степени беше регистриран во северозападниот дел на земјата, во близина на Јањина. Според податоците на сеизмолошките сервиси, епицентарот бил на околу 23 до 24 километри западно од градот.
Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар бележи и послаб потрес во истиот регион ден претходно, што упатува на зголемена сеизмичка активност во пошироката област на Епир.
Според локални извештаи, земјотресот предизвикал материјална штета на дел од објекти, но засега нема информации за повредени лица.