Иако Месечината нема своја атмосфера, научниците откриваат дека Земјата веќе милијарди години „позајмува“ дел од својата атмосфера на Месечината. Истражување од Универзитетот во Рочестер покажува дека магнетното поле на Земјата ги насочува наелектризирани честички од горните слоеви на атмосферата кон површината на Месечината.
Овој процес објаснува зошто месечевиот реголит содржи изненадувачки голема количина на испарливи елементи, како азот, кои не можат да се објаснат само со сончев ветер или удари на микрометеорити. Кога Месечината поминува низ магнетната „опашка“ на Земјата, честичките од атмосферата се таложат на нејзината површина, што може да вклучува кислород, па дури и вода или ‘рѓа.
Студијата сугерира дека површината на Месечината делува како временска капсула, чувајќи траги од историјата на атмосферата на Земјата низ милијарди години. Истражувањето е објавено во списанието Nature Communications Earth & Environment.