Земјата ја штити Месечината повеќе отколку што мислевме: Ново откритие за космичкото зрачење

Нова студија покажува дека Земјино магнетно поле обезбедува заштита од космичко зрачење на Месечината дури и надвор од магнетосферата.

Ново научно истражување открива дека Земјата обезбедува поголема заштита на Месечината од космичко зрачење отколку што досега се мислеше.

Иако е познато дека Месечината периодично поминува низ магнетосферата на Земјата, научниците сега утврдиле дека ефектите од Земјино магнетно поле се чувствуваат и кога таа се наоѓа надвор од неа.

Помалку космички честички од очекуваното

Истражувањето, објавено во Science Advances, се базира на податоци од кинеската мисија Chang’e-4, која користела инструмент за мерење на радијација на површината на Месечината.

Научниците забележале намалување од околу 20% на галактички космички зраци во одредени периоди – особено за време на „лунарното утро“ и тоа во само неколку дена од секој циклус. Ова било изненадувачко, бидејќи претходно се сметало дека овие честички се рамномерно распределени во просторот меѓу Земјата и Месечината.

Што значи ова за идните мисии?

Научниците објаснуваат дека иако Месечината била надвор од класичната магнетосфера, влијанието на Земјиното магнетно поле сепак било доволно силно за да ги отклони дел од честичките, особено оние со пониска енергија.

Ова откритие може да има големо значење за идните вселенски мисии. Подобро разбирање на зоните со намалено зрачење може да помогне во заштита на астронаутите и опремата при долготрајни мисии на Месечината и пошироко во вселената.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни