Исланд – земја на огнот и мразот, каде што вулканите се среќаваат со глечери, а природата е светиња. Со само нешто повеќе од 400.000 жители, ова островско чудо крие бројни фасцинантни приказни и необични обичаи. Ви откриваме 15 факти за Исланд што ќе ве изненадат!
Повеќето жители живеат во Рејкјавик
Над 60% од Исланѓаните живеат во главниот град Рејкјавик и неговата околина. Со околу 140.000 жители, тоа е најсеверната престолнина во светот – шарен град полн со уметност, музеи и кафулиња.
Нема комарци
Да, вистина е – на Исланд не постојат комарци! Климатските услови едноставно не им дозволуваат да преживеат.
Над 30 активни вулкани
Исланд лежи на границата меѓу евроазиската и северноамериканската тектонска плоча, што го прави едно од најактивните вулкански подрачја во светот.
Енергија од природата
Околу 85% од енергијата на Исланд доаѓа од обновливи извори – геотермална и хидроенергија. Земјата е светски лидер во зелени технологии.
Без шуми
Кога првите Викинзи стигнале на островот, ги исекле речиси сите дрвја. Денес државата активно работи на пошумување низ целата територија.
Нема традиционални презимиња
Исланѓаните користат патронимски систем – презимето се формира од името на таткото (или мајката) со наставка -son (син) или -dóttir (ќерка).
Без војска и без оружје
Исланд нема своја војска. Член е на НАТО, но има само крајбрежна стража. Полицијата не носи оружје, бидејќи земјата има исклучително ниска стапка на криминал.
Нема возови ниту метро
На Исланд нема железничка мрежа – транспортот се базира на автомобили и автобуси.
Забрана на пиво до 1989 година
Пивото било забрането цели 74 години, а денес 1 март се слави како „Ден на пивото“.
Најписмена нација во светот
Со 99% писменост, секој десетти Исланѓанин објавува книга во текот на животот!
Комисија за имиња
Секое име мора да биде одобрено од Исландскиот комитет за имиња, кој проверува дали е во согласност со правилата на јазикот.
Бебиња спијат на свеж воздух
Во Исланд е сосема нормално бебињата да спијат во колички надвор, дури и во студени денови – се верува дека тоа го зајакнува имунитетот.
Првиот европски парламент
Во 930 година во националниот парк Þингвелир е основан првиот парламент во Европа – Alþingi, кој денес е под заштита на УНЕСКО.
Независност од 1944 година
Исланд станал независен од Данска во 1944 година, а 17 јуни се слави како Ден на независноста.
Последна населена земја во Европа
Викинзите од Норвешка случајно го откриле Исланд пред нешто повеќе од 1.100 години. Денес неговата изолираност и природна убавина го прават едно од најмагичните места на планетата.
