Земете кора од лимон и едноставно направете го ова: Вашите садови ќе бидат сјајни како никогаш досега

Пред да го фрлите лимонот во корпата за отпадоци, ставете го во машината за садови и вклучете ја да работи на редовен циклус

Сите знаеме колку е добар лимонот за човековото тело. Тој е богат со бројни витамини, од кои витаминот Ц е на врвот. Но, дали знаете дека лимонот може да биде многу корисен во вршењето и на домашните работи, особено кога станува збор за чистење?

Како кората од лимон може да се користи за миење садови?

Корисник на TikTok сподели трик со кора од лимон. Пред да го фрлите лимонот во корпата за отпадоци, ставете го во машината за садови и вклучете ја да работи на редовен циклус.

Лимонската киселина ќе го отстрани бигорот и непријатните мириси, а вашите садови ќе изгледаат кристално чисти.

Не заборавајте да ги отстраните семките бидејќи можат да се заглават во машината, што може да доведе до технички проблеми. Користете го овој совет повремено бидејќи киселината може да ја уништи гумата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни