Земјотресите не престануваат: Прогласена вонредна состојба и на островот Аморгос

Меѓу 26 јануари и 14 февруари, повеќе од 19.200 земјотреси беа регистрирани во близина на овие острови кои припаѓаат на Кикладскиот архипелаг, соопшти Сеизмолошката лабораторија на универзитетот во Атина.

По неколку дена без земјотреси, нов земјотрес со магнитуда 5.1, чиј епицентар беше лоциран во морето, се случи денеска кај Аморгос, како еден од најсилните досега. Од Аморгос не е евакуирано населението, кое брои 2.100 луѓе, за разлика од Санторини од каде што заминаа најголем дел од 15.000 жители.

На грчкиот остров Аморгос училиштата се затворени. Земјотресите кои се случуваат во оваа област на Егејското море од крајот на јануари, се чувствуваат и во Атина, која е на 300 километри оддалечена, јавува агенцијата Бета, повикувајќи се на АФП.


Вонредната состојба е веќе прогласена на вулканскиот остров Санторини, еден од главните туристички атракции во светот.

Меѓу 26 јануари и 14 февруари, повеќе од 19.200 земјотреси беа регистрирани во близина на овие острови кои припаѓаат на Кикладскиот архипелаг, соопшти Сеизмолошката лабораторија на универзитетот во Атина.

Земјотресите досега не предизвикаа жртви, ниту поголема материјална штета.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни