Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди регионот на југозападна Африка, на 2.277 километри од Кејп Таун во Јужноафриканската Република, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Земјотресот е регистриран во 7 часот и 36 минути, на длабочина од десет километри. Епицентарот на земјотресот е на 2.246 километри од Херманус во Јужна Африка.