Земјотрес со јачина од 5,9 степени ја погоди Турција

Денеска силен земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди Турција, во близина на градот Малатја, кој беше сериозно погоден во минатогодишниот разорен земјотрес.

Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), потресот е регистриран на длабочина од 9 километри, а епицентарот бил на 46 километри источно од Малатја.

Првично, земјотресот беше проценет на јачина од 6 степени, но подоцна беше коригиран на 5,9 степени. Засега нема информации за причинета материјална штета или евентуални жртви.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни