Земјотрес од 4,6 степени го погоди Неапол и околината

До овој момент нема информации за повредени лица или за причинети материјални штети

Земјотрес од 4,6 степени го погоди денеска Неапол и околината, објави италијанската новинска агенција АНСА.

Епицентарот бил во вулканско сеизмичкиот активен регион Флегрејски полиња, објави весникот „Италија Оџи“.

Земјотресот е регистриран во 12:47 часот по локално време на длабочина од пет километри. 

До овој момент нема информации за повредени лица или за причинети материјални штети.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни