Земјотрес од 3.0 степени во Дојран

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Дојран и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава, 16.11.2024 година во 5 часот и 31 минута,
регистрира земјотрес чиј епицентар се наоѓа 80 km југоисточно од Скопје, во епицентралното подрачје Дојран-Кукуш со Рихтерова локална магнитуда M L 3.0.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Дојран и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни