Земјотресот бил регистриран на 5 јануари 2025 година во 23:12 часот со епицентар 24 километри северозападно од Скопје.
Според податоците од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот имал Рихтерова локална магнитуда ML2.8.
Земјотресот е почувствуван во градот Скопје и во северозападните делови на земјата со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала. Нема информации за причинета материјална штета. Сеизмолошката опсерваторија продолжува со следење на состојбата.