Земјата се соочува со закана од вселенски отпад: Што е Кеслеров синдром и зошто е опасен

Судирот помеѓу вселенските објекти можат да предизвика реакција во која остатоците уништуваат други објекти, создавајќи се сè поголеми облаци на остатоци. Таквиот развој на настаните може да ја направи орбитата толку пренатрупана што ќе стане неупотреблива за сателити и истражување на вселената.

Кога вселенските остатоци во ноември минатата година, тргнаа кон Меѓународната вселенска станица (ISS), седум астронаути мораа брзо да реагираат. Рускиот вселенски брод, прикачен на станицата, ги вклучил моторите за пет минути, поместувајќи ја ISS од патот на опасните остатоци.

Ако станицата не го променила патот, остатоците ќе поминеле на растојание од само четири километри, што можело да има катастрофални последици, предупредува НАСА.

Овие маневри не се ретки. Од првото постојано населување на ISS во 2000 година, станицата ја променила својата патека десетици пати за да избегне судири со остатоците.

Овој проблем расте секоја година како што се зголемува бројот на објекти кои орбитираат околу Земјата.

„Во последните четири години, бројот на објекти во вселената значително се зголеми“, истакнува д-р Вишну Реди, професор на Универзитетот во Аризона.

„Сè поблиску сме до ситуацијата што се обидуваме да ја избегнеме години наназад“, изјави тој и додаде дека едно од најголемите закани е хипотетичкиот сценарио познат како Кеслеров синдром.

Орбитата ќе стане пренатрупана

Според овој концепт, судирите помеѓу вселенските објекти можат да предизвикаат лавинообразна реакција во која остатоците уништуваат други објекти, создавајќи сè поголеми облаци на остатоци. Овој развој на настаните може да ја направи орбитата толку пренатрупана што ќе стане неупотреблива за сателити и вселенски истражувања.

Иако астронаутите се најдиректно загрозени, пренатрупаноста ја загрозува и технологијата која ја користиме секојдневно, како што се GPS, брз интернет и телевизиски сервиси. Стручњаците проценуваат дека од 1957 година се забележани повеќе од 650 незгоди кои создале илјадници парчиња вселенски отпад.

Еден од најпознатите судири се случи во 2009 година, кога нефункционален руски сателит Космос 2251 удри во активен американски комуникациски сателит Иридиум 33. Тој судир создаде облак со речиси 2.000 парчиња остатоци поголеми од 10 сантиметри, а имаше и безброј помали честички.

Невидлива закана

Повеќето остатоци во орбитата се премали за да се следат со постоечката технологија, но дури и честичките со големина на тениска топка можат да предизвикаат сериозна штета. Објектите во орбитата се движат со толкава брзина што и најмалите парчиња можат да пробијат метал, предупредува НАСА.

„Она што најмногу ме загрижува е тоа што податоците за локациите на остатоците не се доволно точни за да се избегнат безбедно судирите“, признава Дан Олтрогге, научник во COMSPOC Corp.

Иако Обединетите нации во септември усвоија документ кој ги поттикнува дебатите за вселенскиот сообраќај, конкретните закони и примена остануваат нејасни. Експертите веруваат дека САД би можеле да ги предводат напорите за донесување построги правила.

„Недостатокот на регулација е најголема пречка“, нагласува д-р Реди. „Поставувањето норми и насоки би било од голема помош.“

Ќе реагираме ли на време?

Проблемот со вселенскиот отпад често се споредува со еколошките предизвици на Земјата.

„Мислевме дека океаните се бескрајни, но сега разбираме дека фрлањето пластика предизвикува огромна штета“, вели д-р Нилтон Рено од Универзитетот во Мичиген.

„Вселената е како океан – ако не бидеме внимателни, последиците ќе бидат катастрофални.“

Стручњаците предупредуваат дека времето за акција е ограничено, а секое одложување го зголемува ризикот од економски и научни загуби, додека вселенскиот сообраќај станува сè поопасен.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни