Земјотрес со јачина од 5,6 степени по Рихтеровата скала ја погоди во средата областа Хинду Куш во Авганистан, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Земјотресот бил на длабочина од 121 километар (75 милји), информира EMSC. Епицентарот бил 164 километри источно од градот Баглан.
Според првичните информации, јачината на земјотресот била 6,4 степени, но подоцна беше намалена на 5,6. Земјотресот бил почувствуван и во Њу Делхи.