Земјотрес од 5,2 степени го погоди грчкиот остров Евија, почувствуван и во Атина

Силен земјотрес со јачина од 5,2 степени ноќеска го погоди јужниот дел на грчкиот остров Евија и беше почувствуван и во Атина.

Силен земјотрес со јачина од 5,2 степени по Рихтер е регистриран нешто по полноќ на јужниот дел од островот Евија, соопшти Геодинамичкиот институт во Атина. Епицентарот бил лоциран пет километри северозападно од местото Неа Стира, на длабочина од 13,6 километри.

Земјотресот проследен со силен звук, бил почувствуван во Атина и поширокиот регион на Атика, но засега нема информации за материјална штета. Професорот Ефтимиос Лекас нагласи дека станува збор за област „која не продуцира големи земјотреси“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни