Земјотрес од 4,1 степен ја погоди Анкара – граѓаните во страв излегоа надвор

Централниот дел на Турција денеска го погоди земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтеровата скала, објави Центарот за управување со катастрофи (AFAD).

Епицентарот бил во Анкара, а најсилно се почувствувал во областа Чанкаја, каде е сместена и државната телевизија TRT.

Земјотресот предизвика паника – голем број жители и работници на јавни места потрчале кон улиците. На социјалните мрежи кружат видеа во кои се гледа како луѓе во паника ги напуштаат угостителските и трговските објекти.

Потресот бил на длабочина од 11 километри, што го направило поинтензивен во урбаните средини. Според првичните информации, нема пријавени големи оштетувања на објекти и инфраструктура, а властите најавија дополнителни проверки.

Извор: Radiosarajevo.ba

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни