Меѓународен симпозиум во МСУ

„Земјата која се промислува постојано-креативен геофилозофски патопис“

Денес од 10 до 17 часот, како дел од интердисциплинарната програма во Музејот на современата уметност – Скопје ќе се одржи еднодневен Меѓународен симпозиум, насловен „Земјата која се промислува постојано-креативен геофилозофски патопис“

Меѓу учесниците на овој симпозиум се: Тошија Уено, професор на Катедрата за транскултурни студии на Универзитетот „Вако“ во Токио, Јапонија, Алекс Таек-Гванг Ли, професор на Универзитетот „Кјунг Хи“ во Јужна Кореа, Кристина Коскентола, визуелна уметница од Финска, Рик Долфијн, универзитетски професор од Утрехт, Холандија, Ирена Чаврилска, универзитетска професорка од Гдањск, Полска, Тихомир Топузовски, в.д. директор на МСУ – Скопје и други.

„Соочувајќи се со актуелните еколошки кризи и егзистенцијални закани, произлегува неопходност за уметност, која треба да биде нашиот инструмент за опстанок и преиспитување, или за една нова „филозофија на земјата“- велат од МСУ.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни