Зеленски во Шведска на средба со Кристерсон: во фокусот – одбранбена соработка

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во среда ќе ја посети Шведска, каде што ќе се сретне со премиерот Улф Кристерсон во градот Линчепинг, соопшти шведската влада.
Фото: X/@ZelenskyyUa

Двајцата лидери ќе ја посетат една од водечките компании во одбранбената индустрија, а потоа ќе одржат заедничка прес-конференција на која ќе бидат претставени новини поврзани со извозот на одбранбена опрема.

Иако не е објавено која компанија ќе ја посетат, Линчепинг е производствен центар на шведскиот одбранбен гигант Saab, производител на борбениот авион JAS 39 Gripen, извидувачкиот авион GlobalEye, како и различни ракетни системи и противтенковско оружје.

Портпаролот на Saab изјави дека сите прашања во врска со настанот се упатуваат до владата, додека кабинетот на премиерот Кристерсон сè уште не издал дополнителни информации.

Посетата доаѓа по неодамнешниот состанок на европските лидери во Копенхаген, на кој Кристерсон потврди дека разговарал со Зеленски за интересот на Киев за набавка на Gripen авиони. Средбата во Шведска, според набљудувачите, претставува уште еден чекор во зајакнувањето на одбранбеното партнерство меѓу двете земји, во услови на продолжената руска агресија врз Украина.

Извор: Reuters

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни